ЕУ го забрани обезбедувањето крипто услуги за Русите

76

Европската унија воведе широка забрана за обезбедување крипто услуги на Русите како дел од осмата рунда санкции одобрени во четвртокот.

Новата уредба ги заостри ограничувањата кои важеа од април 2022 година, пишува РT.

Откако ЕУ во април воведе ограничување од 10.000 евра за крипто средства за руските граѓани, платформата регистрирана во САД, Binance најпопуларна меѓу Русите, ја усвои истата мерка.