ЕУ го зголеми извозот на обични и електрични велосипеди во 2020 година

26

Во текот на минатата година, Европската унија извезе скоро 1,3 милиони велосипеди во вкупна вредност од 471 милион евра. Во исто време, ЕУ увезе скоро пет милиони велосипеди во вредност од 930 милиони евра.

Во споредба со 2019 година, извозот на велосипеди се зголеми за 35% во 2020 година, додека кај увозот има намалување од 3%.

Вкупно 273.900 електрични велосипеди во вредност од 427 милиони евра се извезени од ЕУ во 2020 година, додека лани се увезени 839.100 во висина од 721 милион евра.

Податоците покажуваат дека извозот на електрични велосипед е зголемен за 43%, додека кај увозот порастот е 19%.

Главна дестинација за извезените велосипеди на ЕУ минатата година беше Велика Британија (34%), по што следат: Швајцарија (13%), Бразил (9%), Турција (5%) и Узбекистан (4%). Кога станува збор за извоз на електрични велосипеди, најголем дел од 36% има Швајцарија, па Велика Британија (29%), Норвешка (14%) и САД (10%).

Најголем дел од увезените велосипеди во ЕУ доаѓа од Камбоџа (24%), по што следат: Кина (17%), Тајван (11%), Бангладеш (8%), Турција (7%), Филипини (6%) и Шри Ланка (5%).

Тајван покрива дури 53% од увезените електрични велосипеди во ЕУ, а по него следат: Виетнам (19%), Кина (10%), Турција (7%) и Швајцарија (6%).

Фото: Pexels