ЕУ и Кина потпишуваат инвестиционен договор

37

Европската унија и Кина работат на потпишување договор за инвестиции до крајот на година. Со овој договор на европските компании ќе им се овозможи поголем пристап до кинескиот пазар, а се очекува да има позитивно влијание врз европско – кинеските односи.

“Преговорите се во завршна фаза“, рекол портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Неименуван претставник од ЕУ за Ројтерс рекол дека е постигнат напредок на иницијатива на германската канцеларка, Ангела Меркел. Германија претседава со ЕУ до крајот на годината, а воедно и е најголем европски извозник во Кина.

Можниот договор би значел голем напредок за односите меѓу Кина и ЕУ, коишто се влошија по избивање на вирусот во Вухан и интервенциите на кинеските власти во Хонгконг.

Фото: Freepik