ЕУ и Кина продолжуваат со преговорите за царини за електрични возила, бараат алтернативи

34

Европската унија и Кина се согласија дека треба да ги продолжат преговорите за можни алтернативи на тарифите за електричните возила произведени во Кина, иако сè уште има значителни проблеми, објави Европската комисија.

ЕУ треба да воведе дополнителни тарифи до 35,3 отсто за електричните возила произведени во Кина следната недела по завршувањето на истрагата против субвенциите, но рече дека разговорите би можеле да продолжат потоа.

Кина и ЕУ ги разгледуваат можните минимални цени за кинеските производители или инвестиции во Европа како алтернатива на царините.

„Лидерите се согласија дека понатамошните преговори ќе има наскоро“, соопшти Комисијата по видеоповикот меѓу високиот трговски претставник на ЕУ, Валдис Домбровскис, и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао.

Европската комисија, која ја надгледува трговската политика на Европската унија, веќе одржа осум рунди преговори со своите кинески колеги и рече дека постојат значителни проблеми, пренесува Ројтерс.

Домбровскис и Ванг ја изразија својата посветеност за изнаоѓање заемно прифатливо решение, кое треба да обезбеди еднакви услови на пазарот на ЕУ и да биде компатибилно со правилата на Светската трговска организација, соопшти Комисијата. Пред две недели, Кина ја повика ЕУ да не води одделни преговори со компаниите, предупредувајќи дека тоа може да ги разниша темелите на преговорите.

Комисијата соопшти дека Домбровскис нагласил дека преговорите на извршната власт на ЕУ со Кинеската стопанска комора за увоз и извоз на машини и електронски производи (CCCME) не исклучуваат разговори со индивидуални извозници.

Домбровскис, исто така, изрази загриженост за истрагите на Кина за алкохолот, свинското месо и млечните производи на ЕУ, велејќи дека ЕУ ги смета за неосновани.