ЕУ и САД продолжуваат со преговорите за царинските давачки

Европскиот комесар за трговија, Марош Шефчовиќ, денес објави дека повторно разговарал со американскиот секретар за трговија, Хауард Лутник, додека Европската Унија и Соединетите Американски Држави продолжуваат со преговорите за царински договор.

„Уште еден разговор со американскиот секретар Хауард Лутник. Нашето време и напори се целосно посветени на овој процес, бидејќи главниот приоритет на Европската Унија е да продолжи да наоѓа прогресивни решенија. Остануваме во постојан контакт“, рече Шефчовиќ на социјалната мрежа X (Твитер).

Преговорите меѓу Брисел и Вашингтон се дел од поширока рамка за намалување на трговските тензии и зајакнување на трансатлантските економски односи, пренесува Ројтерс.