Годишната инфлација во Германија непроменета на 2,1 проценти во мај

Годишната стапка на инфлација во Германија во мај, според прелиминарните проценки, изнесуваше 2,1 процент, што е исто како и во април, објави  Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).

Цените на стоките во Германија значително се зголемија од априлските 0,5 проценти на 0,9 проценти на годишно ниво, бидејќи цените на енергијата паднаа за 4,6 проценти, со побавно темпо од априлскиот пад од 5,4 проценти.

Дополнително, цените на храната се зголемија за 2,8 проценти на годишно ниво во април, со исто темпо како и претходниот месец.