
Европската комисија предложи да се пролонгираат мерките за намалување на побарувачката на гас за уште една година, со цел да и се овозможи на Европа да ја надмине следната зима.
Иако по избувнувањето на конфликтот во Украина, Русија ги прекина редовните испораки на гас, ги намали количините за извоз во европските земји и ги зголеми цените на рекорд, Европа од оваа зима излегува со енергетски биланс кој е постабилен од очекуваното, ренесува Ројтерс.
ЕК предложи продолжување на мерките за ограничување на побарувачката на гас од април годинава до март следната година, со цел да се намали побарувачката на гас за 15 отсто во однос на просечната потрошувачка во периодот од 2017 до 2022 година.
Земјите од ЕУ ја намалија комбинираната потрошувачка на гас за 19 отсто од август 2022 година до јануари 2023 година благодарение на невообичаено топлата зима, но зголемените цени придонесоа за пад на индустриското производство во земјите на ЕУ.
Резултатот од сето горенаведено е што Европа го дочека крајот на зимата со невообичаено големи залихи на складиран гас и стабилни изгледи за нормализирање на снабдувањето преку проширување на производството на енергија од обновливи извори.
Фото:Pixabay











