
Северна Македонија е избришана од т.н. „црна листа“ на даночни засолништа на Европската Унија.
Од листата се тргнати и Барбадос, Јамајка и Уругвај.
Брисел, како што обајви Еуроњуз, оценил дека Северна Македонија, Барбадос, Јамајка и Уругвај ги спровеле потребните чекори и ги исполниле критериумите за бришење од листата.
На „црната листа“ на ЕУ се додадени 16 земји, меѓу кои и Русија.
„Црната листа“ на даночни засолништа на ЕУ почна да се применува од 2017 година, а се ажурира двапати годишно.
Брисел инсистира на тоа дека нејзиното јавно објавување не е за да се „оцрнат“ земјите кои се на неа, туку да се охрабрат позитивни промени во даночните практики преку соработка и континуиран дијалог.
Земјите ширум светот се оценуваат според три клучни критериуми: даночна транспарентност, правично оданочување и мерки за справување со ерозијата и префрлањето на профитот од страна на мултинационалните компании.
Од оние земји кои не ги исполнуваат критериумите се бара да направат измени во нивното законодавство. Доколку одбијат да го сторат тоа, ЕУ може да ги додаде на списокот, кој не го користи терминот „даночно засолниште“ туку „некооперативни јурисдикции“.
Ставањето на „црната листа“ не повлекува никакви последици или санкции.