ЕУ ќе добие 12,5 милиони дози од вакцината на Pfizer и BioNTech до крајот на годината

20

Германски Pfizer и американски BioNTech на Европската унија ќе ѝ испорачаат 12,5 милиони дози од својата вакцина против коронавирусот до крајот на годината.

Тоа е повеќе од половина од 20 милиони дози, колку што се очекува да бидат испорачани во САД пред крајот на годината.

Со две дози од вакцината што ќе се дадат во период од три недели, на ЕУ ќе ѝ бидат доволни за вакцинирање на 6,5 милиони луѓе, додека компаниите се подготвуваат да ги испратат првите вакцини по добиеното одобрение на почетокот на оваа недела.

Земјите членки на ЕУ кои ќе сакаат вакцина ќе ја добијат во рок од пет дена.

Германската биотехнолошка компанија планира да почне со производство во Германија во февруари следната година. Претходно било наведено дека фабриката купена во септември, би имала годишен капацитет од 750 милиони дози.

Фото: Facebook