ЕУ ќе произведе 3,5 милијарди вакцини против Ковид-19 во 2022 година

61

Европската унија идната година ќе произведе повеќе од 3,5 милијарди дози на вакцина против Ковид-19, изјави денеска претседателката на ЕУ, Урсула вон дер Лајен.

Таа најави дека поголемиот дел од вакцините ќе биде испорачани во странство. ЕУ е најголемиот извозник на вакцини во светот, со повеќе од милијарда дози вакцини против Ковид-19 извезени во изминатите 10 месеци, колку што се испорачани и за граѓаните на ЕУ, изјави неодамна Вон дер Лајен, додавајќи дека половина милијарди вакцини ќе бидат донирани на најсиромашните земји во следните месеци.

Во првите 10 месеци од 2021 година, Европската унија извезе 1,2 милијарди дози вакцина во 150 земји, рече Фон дер Лајен.

„Вакцините произведени во ЕУ се извезени во повеќе од 150 земји на сите континенти, од Јапонија до Турција, од Велика Британија до Нов Зеланд, од Јужна Африка до Бразил“, изјави вон дер Лајен, според која, Унијата извезе исто количество на вакцини колку што се испорачани и на граѓаните на ЕУ, каде 75 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани.