ЕУ ќе воведе лимит за плаќање во готово до 10.000 евра

173

Во Европската унија може да биде воведена апсолутна горна граница за готовинско плаќање, којашто според предлогот би изнесувала 10.000 евра.

На видеоконференција на експертската група за борба против перење пари и финансирање тероризам, беше презентиран работен документ на три страници во кој готовината е наречена  “инструмент по избор на криминалците“, и покрај генералниот пад на употребата, пренесува Süddeutsche Zeitung.

За да им го отежнат управувањето со готовина, групата предлага воведување на горна граница во цела ЕУ за плаќања во готовина до 10.000 евра при што некои земји членки исто така можат да постават пониски граници.

Некои земји на ЕУ веќе долго време имаат ограничувања, како што е Франција каде на локалното население им е дозволено да користат само до 1.000 евра во готовина. Најстрогите прописи се во Грција каде износите над 500 евра мора да се платат со банкарска дознака или картичка.

Фото: Pixabay