ЕУ ќе воведе сертификат за вакцинација до летото

52

Лидерите на Европската унија се согласија за потребата од воведување на сертификат за вакцинација против коронавирус што треба да дозволи патувања во Европа и веројатно ќе биде готов до летото, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа по виртуелниот состанок на ЕУ рече дека на Унијата ќе и требаат три месеци за да ги подготви сертификатите.

“Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација“, истакна Меркел.

Таа спомена дека е потребно да се зголемат капацитетите за производство на вакцини за коронавирус и дека ЕУ мора да се подготви за сценариото во кое вакцинацијата ќе продолжи и во наредните години, поради појавата на нови видови на коронавирус.

Меркел додала дека сертификатите веројатно ќе бидат достапни пред летото, пишува Ројтерс.

Фото: Pixabay