ЕУ ќе овозможи олеснување на цените на струјата за тешката индустрија

Тешките индустрии ќе добијат привремено олеснување на цените на електричната енергија според новите правила за државна помош на Европската Унија што ќе бидат објавени денеска, според нацрт-документот на Европската комисија што го виде Ројтерс.

„Додека декарбонизацијата на електроенергетскиот систем на Унијата не се претвори целосно во пониски цени на електричната енергија, индустриите во Унијата ќе продолжат да се соочуваат со повисоки трошоци во споредба со конкурентите во јурисдикциите со помалку амбициозни климатски политики“, се наведува во нацрт-документот.