ЕУ лани произвела антибиотици вредни 2,9 милијарди евра

57

Европската унија (ЕУ) минатата година произведе антибиотици во висина од 2,9 милијарди евра. Италија е најголемиот производител на антибиотици во рамки на Унијата со 1,2 милијарди евра или 34% од вкупното производство на овие лекови во ЕУ, покажуваат податоците на европската статистика.

Во Унијата се увезени антибиотици во висина од над пет милијарди евра во текот на минатата година. Во текот на 2018-та година, Германија увезе антибиотици во вредност од 710 милиони евра од земји што не се членки на ЕУ. Зад Германија, како земји што најмногу увезуваат антибиотици од земји што не се членки на ЕУ, се: Холандија (590 милиони евра), Италија (513 милиони евра), Белгија (320 милиони евра), Велика Британија (190 милиони евра), Шпанија (180 милиони евра) и Франција (130 милиони евра).

Земји од каде што најчесто доаѓаат антибиотиците во ЕУ се: Швајцарија (1,1 милијарда евра), Кина (660 милиони евра) и САД (600 милиони евра).

Фото: Pixabay