
Европската унија ја одобри аквизицијата вредна 69 милијарди долари со која Мајкрософт би ја презел гејмерската компанија Activision Blizzard.
Европската комисија објави дека нивната анализа покажала дека аквизицијата нема да ја намали конкуренцијата, пренесува Блумберг.
Шефицата за антимонополски прашања на ЕУ, Маргрет Вестагер, го окарактеризира купувањето како „проконкурентно“ и посочи дека тоа ќе го поттикне пазарот за стриминг на облак, кој сега претставува само еден до три отсто од целиот пазар на игри.
Одлуката на ЕУ е спротивна на онаа на Управата за конкуренција и пазари на Велика Британија, која минатиот месец одлучи да го блокира купувањето.