ЕУ му возвраќа удар на Трамп, ќе го суспендира трговскиот договор со САД

Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, договорен во јули, ќе биде суспендиран од Европскиот парламент по заканите на Доналд Трамп дека ќе го заземе Гренланд и ќе воведе нови тарифи, дознава Би-Би-Си од извори блиски до парламентарниот комитет за меѓународна трговија.
Суспензијата, пишува Би-Би-Си, ќе биде објавена  попладнево во Стразбур. Договорот меѓу Трамп и Урсула фон дер Лајен беше постигнат во јули на голф теренот на Трамп во Шкотска. Со него се намалија американските тарифи за целиот увоз од ЕУ на 15%, што во тоа време се сметаше за добра зделка со оглед на тоа што Трамп се закани со увозни даноци од 30%.

Договорот чекаше одобрување од Европскиот парламент, но комитетот за меѓународна трговија сè уште не го завршил неговото разгледување. Во саботата, неколку часа откако Трамп се закани со американски тарифи за Гренланд, германскиот европратеник Манфред Вебер рече дека „одобрувањето во оваа фаза не е можно“.

Додека договорот се финализираше, ЕУ ги суспендираше своите одмазднички тарифи за стоки во вредност од 93 милијарди евра што ги купува од САД. Таа суспензија завршува на 6 февруари, а без продолжување или парламентарно одобрување на договорот, царините на ЕУ за американските стоки ќе стапат на сила на 7 февруари.