ЕУ најави нов, десетти по ред пакет санкции против Русија

50

Европската Унија планира нов пакет санкции против Москва, кои ќе бидат усвоени до годишнината од руската инвазија на Украина на 24 февруари, изјави  претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– До 24 февруари, точно една година по почетокот на инвазијата, имаме за цел да го воведеме десеттиот пакет санкции, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија подвлече дека „Русија плаќа висока цена, бидејќи нашите (казнени мерки) ја поткопуваат нејзината економија, враќајќи ја една генерација назад“.

Меѓу најтешките санкции, кои ги воведе ЕУ по почетокот на воените дејствија, е воведувањето на плафонот на цената на рускиот бензин од 60 долари за барел на почетокот на декември. – Тоа веќе ја чини Русија по околу 160 милиони евра дневно, потенцираше Фон дер Лајен.