ЕУ најде земја што може да ја реши гасната криза: „Енергетска сила во подем“

174

Аргентина има една од најголемите светски резерви од неконвенционални извори, но нема начин да ја извезе.

ЕУ се надева дека наскоро ќе потпише енергетски меморандум за разбирање со Аргентина, кој има за цел да се справи со проблемите со снабдувањето со енергија предизвикани од војната во Украина.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за време на посетата на Аргентина, во изјава за новинарите ја истакна важноста од постигнување на тој договор, имајќи предвид дека Аргентина е „енергетска сила во подем“, а во време на високи меѓународни цени на енергенси, пренесува Јутарњи лист.

„Постигнуваме напредок во меморандумот за разбирање за енергетските прашања. Се надевам дека ќе биде завршен наскоро. Не зборуваме за години или месеци, постои јасен взаемен интерес“, рече Борел.

Аргентина има една од најголемите светски резерви на гас од неконвенционални извори, но како што рече Борел, не постои начин да се извезе. „Таа е потенцијално многу голема гасна сила, но мора да се направат многу инвестиции“, додаде европскиот претставник.