ЕУ наскоро ќе започне преговори со Русија за испорака на гас?

113

Европската унија наскоро ќе започне преговори за испорака на руски гас, најави францускиот пратеник Тјери Маријани во интервју за весникот „Известија“.

„Мислам дека преговорите за испорака на руски гас ќе започнат во следните неколку месеци. Европските престолнини во моментов премногу се плашат да не предизвикаат незадоволство во Вашингтон или да бидат уценети од украинскиот претседател Володимир Зеленски“, рече тој, пренесува Спутник.

Пратеникот посочи дека зимата во европските земји е прилично блага. Според него, населението сè уште не е погодено од рестрикциите за електрична енергија. Но, како што истакнува Маријани, европските земји сфаќаат дека нивната стратегија за избегнување контакт со Русија е невозможна на долг рок.

„Течниот природен гас е скап, пронајдените алтернативи сè уште не се ефективни, а групното купување изгледа не функционира“, додаде тој.