Почетна Новости Македонија ЕУ одобри 14,2 милијарди евра за ИПА 3 програмата, дел од средствата...

ЕУ одобри 14,2 милијарди евра за ИПА 3 програмата, дел од средствата и за Македонија

54

Земјите-членки на ЕУ конечно дадоа „зелено светло“ за околу 14,2 милијарди евра претпристапна финансиска помош (ИПА III) за периодот 2021-2027 година.

Помошта е наменета за реформските процеси во Северна Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово и Турција.

“Корисниците ќе бидат поддржани во спроведувањето на неопходните политички, институционални, правни, административни, социјални и економски реформи за да се усогласат со вредностите на Унијата и постепено да се прилагодат на правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Советот нагласува дека посебно внимание ќе се посвети на напорите поврзани со основните реформски области (владеење на правото и основни права, демократски институции и реформи во јавната администрација, како и економски развој и конкурентност).