ЕУ оствари 198,2 милијарди евра трговски суфицит во стоковната трговија со САД во 2024 година

Минатата година Европската унија оствари трговски суфицит од 198,2 милијарди евра во стоковната трговија со САД.

Во 2024 година ЕУ извезла стоки во САД во вредност од 531,6 милијарди евра, а увезла американски стоки во вредност од 333,4 милијарди евра, објави Евростат.

Во споредба со 2023 година, европскиот извоз во САД е зголемен за 5,5 отсто, додека увозот од Америка е намален за четири отсто.