ЕУ планира да додели 500 милијарди евра помош за Украина

62

Европската унија планира да додели 500 милијарди евра финансиска помош за Украина за да помогне во заживување на нејзината економија, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Според извори на Блумберг, Европската комисија бара опции за финансирање, како што се грантови и заеми, пренесува ТАСС.

Планот за заживување на украинската економија ќе биде претставен на конференција во швајцарскиот град Лугано, што ќе се одржи денеска и утре.