ЕУ планира да воведе санкции и за Сбербанк

61

ЕУ планира да го санкционира најголемиот руски заемодавател, Сбербанк, и други руски финансиски компании во следната рунда санкции, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за германскиот весник Bild am Sontag.
Следниот круг санкции што ЕУ има намера да ги воведе на Русија ќе опфати санкција на Сбербанк преку која досега се плаќаа сметките за гас и нафта.

„Сè уште го разгледуваме банкарскиот сектор, особено Сбербанк, која сочинува 37 отсто од рускиот банкарски сектор“, одговори Фон дер Лајен  на прашањето за претстојната шеста рунда санкции.

Претходно во април, Соединетите држави воведоа „строги санкции“ за Сбербанк и друг руски заемодавач, Алфа банка. Велика Британија, исто така, ја санкционираше Сбербанк и вети дека ќе го прекине целиот увоз на руски јаглен и нафта до крајот на 2022 година.

Но, ЕУ досега ги поштеди Сбербанк и уште еден голем руски заемодавач, Газпромбанк, бидејќи тие беа главните патишта за плаќање на рускиот гас и нафта.