Фото: Pixabay
Европската унија презема мерки за намалување на загадувањето од пластика со поставување нови ограничувања за одредени пластични производи за еднократна употреба, јавува Советот на ЕУ.
Новите правила, како што се наведува, ќе ја забранат употребата на одредени пластични производи за коишто постојат алтернативи. Исто така, ќе бидат воведени и специфични мерки за намалување на употребата на најчесто користени пластични производи.
Договорот би требало официјално да го потврдат земјите членки на ЕУ и парламентот на Унијата и се очекува да стапи на сила за две години.