ЕУ планира вакцинацијата да почне на крајот на декември

30

Сите земји членки на Европската унија планираат да почнат со вакцинација на населението од 27-ми декември, рекол германскиот министер за здравство, Јенс Шпан.

“Во Германија, доколку одобрението стигне како што е планирано, почнуваме на 27-ми декември. Останатите земји членки сакаат да почнат од 27-ми декември“, рекол Шпан, пред состанокот со канцеларката, Ангела Меркел и првите луѓе на BioNTech.

Германија како земја членка на Унијата е мора да го причека одобрението на Европската агенција за лекови, а тоа се очекува да се случи на 21-ви овој месец.

На 23-ти декември, 27-те земји членки на ЕУ би дале конечно одобрение за вакцината на Pfizer и BioNTech.

Фото: Freepik