Европската унија, преку нова стратегија, планира за 50% да ја намали употребата на пестициди.
Додека земјоделците од земјите членки на Европската унија се соочуваат со намален број на активни материи и средства за заштита на растенијата, во исто време од друго земји се увезуваат производи третирани со истите тие хемиски средства што во Унијата се забранети.
Според податоците од минатата година, повеќе од една четвртина од пестицидите и сличните средства што се користат во САД се забранети во ЕУ, односно од околу 400 милиони тони колку што годишно се користи, нешто повеќе од 100 милиони тони не смее да се користат во ЕУ.
Европските земјоделци, еко – активисти и дел од политичарите веќе долгор време ја критикуваат ЕУ поради недоследност во примена на истите правила на увезени прехранбени производи, како што се генетски модифицираните производи (ГМО).
Фото: Freepik