ЕУ: Пораст на цените на недвижнините и наемнините во последните 13 години

23

Цените на домовите и наемнините во Европската унија постојано варираа во последните години. По остриот пад по финансиската криза, цените на домовите се задржаа на стабилно ниво во период од 2009-та до 2014-та година. Веќе на почетокот на 2015-та година дојде до нагло зголемување, од кога цените на домовите растеа со побрзо темпо од наемнините, покажуваат податоците на Eurostat.

Па така, во период од 2007-ма до третиот квартал од 2019-та година, цените на наемнините се зголемиле за 21%, а цените на домовите за 19,1%.

Во истиот тој период, поскапуваат цените на домовите во 22 од земјите членки на Европската унија, а кај шест има намалување. Најголем е порастот во Австрија (85,5%), Луксембург (80,6%) и Шведска (80,3%). Од друга страна, најголем пад има во Грција (-40%), Романија (-27,2%) и Ирска (-16,7%).

Фото: Pexels