
Во 2024 година Европската унија извезла автомобили во вредност од 165,2 милијарди евра, додека нивниот увоз бил вреден 75,9 милијарди евра, што резултирало со трговски суфицит од 89,3 милијарди евра, објави денеска Евростат.
Како што се наведува, Соединетите Американски Држави и Велика Британија биле главни дестинации за извоз на автомобили од ЕУ, додека Јапонија и Кина биле најголеми добавувачи на автомобили во земјите од Европската унија.
Во 2024 година Европската Унија извезла 5,4 милиони автомобили, а увезла четири милиони автомобили, што во однос на 2019 година покажува пад на извозот на автомобили за 13,2 отсто и намалување на увозот на автомобили за три отсто.











