ЕУ преку 223 истраги открива злоупотреба на пари од европски фондови

152

Европската агенција за борба против корупција (European Anti-Fraud Office – OLAF) минатата година отвори 223 истраги поради различни видови на злоупотреби, нерегуларности и ненаменско трошење на пари од европските фондови, покажуваат официјалните податоци.

На врвот на листата на OLAF е Романија, со 11 отворени истраги во 2019 година, потоа следи Италија со девет, Грција, Полска и Бугарија имаат по седум, додека во Хрватска лани се отворени три истраги, пренесува хрватски Индекс.

Мисијата на OLAF  е да детектира, истражи и делува во спречување на измама на средства од фондовите на Европската унија, а најмногу се занимава со случаи како што се измами на јавни тендери, двојно финансирање на проекти без да се знае кој финансира, измами во однос на субвенции и царински нерегуларност.

Минатата година, OLAF издаде 254 препораки за постапување и ѝ предложи на Европската комисија да бара поврат на 485 милиони евра, за кои смета дека се ненаменски потрошени.

Фото: Pexels