ЕУ продаде дополнителни обврзници за поддршка на економијата

15

Европската комисија во вторникот, преку продажба на четвртата серија ЕУ обврзници, собра дополнителни девет милијарди евра за поддршка на економското закрепнување од кризата со коронавирусот и нејзините последици.

На крајот од вчерашната трансакција, Комисијата собра 54 милијарди евра преку продажба на заеднички обврзници на ЕУ во рамките на пакетот за обновување „Нова генерација ЕУ“.

Во текот на 2021 година, ЕК очекува да собере околу 80 милијарди евра од обврзници, а парите ќе бидат достапни за ЕРУ 27 (еврозона) за потребите за поправка на економските последици од пандемијата Ковид-19 и враќање на економскиот раст.

Кон крајот на јуни, Европската унија испрати пари од голем фонд за закрепнување од пандемијата Ковид-19 во 16 земји, во форма на грантови за отворање работни места и поддршка на бизнисот во земјите чии економии беа загрозени за време на епидемијата.

Членките на ЕУ чекаат пари од фонд од 800 милијарди евра за грантови и заеми, кои се финансираат од долгот што го собра Европската комисија во име на 27 земји -членки.