ЕУ разгледува нов модел на патување во услови на ковид, веќе нема да биде важно од каде доаѓате

185

Европската унија подготвува нов модел за управување со пандемијата на коронавирус за патување, што би значело напуштање на пристапот „географска област на потекло на патниците“ и надминување на системот на мапи за зараза што би останале „само за информации“, објави италијанската агенција АНСА, цитирајќи извори во италијанската Влада.

Ограничувањата повеќе нема да се однесуваат на областа од каде доаѓаат патниците, туку на нивниот епидемиолошки статус – потврда за вакцинација, прележување Ковид – 19 или негативни тестови, пренесе N1.

Важноста на ПЦР тестовите останува максимум 72 часа, а за брзите антигенски тестови од 24 до 48 часа.

Новиот модел за управување со пандемијата би ја земал предвид деветмесечната важност на пропусницата за ковид, но по истекот на важноста за целосно вакцинираните и оние кои ја примиле третата доза, одлуките ќе се носат „врз основа на проценки“.

Важноста на пропусницата ќе се скрати од девет на шест месеци од 1 февруари, а тој рок може да биде проблем за оние кои поминале шест месеци од третата, засилувачка доза, бидејќи сè уште нема официјални опции за четвртата доза.