ЕУ размислува за голема промена, Германците се во страв

122

Повеќето Германци се против воведувањето на дигиталното евро, што е можност што ја разгледува Европската централна банка.

Само четири од десет Германци можат да замислат да го користат дигиталното евро. Дури 56 отсто велат дека не би поддржале воведување на дигиталното евро.

Сепак, германската Бундесбанк во месечниот извештај посочува дека концептот на дигиталното евро е малку познат на пошироката јавност. Европската централна банка моментално ги анализира можностите за воведување дигитална верзија на еврото.

Речиси две третини од Германците, кои се против дигиталното евро, стравуваат дека тоа би значело укинување на банкнотите и монетите. Бундесбанката, но и Европската централна банка, посочија дека дигиталното евро нема да биде замена за монети и банкноти.