ЕУ сака да ги намали цените на лековите и да го врати фармацевтското производство во Европа

18

Новата европска фармацевтска стратегија ќе овозможи намалување на цените на лековите и враќање на фармацевтското производство во Европа, оценуваат европски претставници.

Целта на новата фармацевтска стратеија е да се обезбедат иновативни и ценовно достапни лекови, како и да се поддржи конкурентноста, иновациите и одржливоста на фармацевтската индустрија во Унијата.

Иако Европската унија е најголем извозник на фармацевтски производи во светот, главен предизвик е тоа што скоро 80% од активните состојки за производство на лекови се увезуваат од трети земји.

Фото: Freepik