ЕУ сака да го забрани транзитот на стока низ Русија: Се подготвува нов пакет санкции

29

ЕУ сака да го забрани транзитот на многу видови стоки низ Русија како дел од таканаречениот 11-ти пакет санкции.

Главната цел на новиот механизам на ЕУ е да ги спречи другите земји да и помагаат на Русија и да ги запре трговските канали кои Москва наводно може да ги користи, изјави за Блумберг извор запознаен со ситуацијата.

Новиот пакет санкции на ЕУ, за кој се разговара во Брисел, ќе има за цел да ги затвори „дупките“ во веќе усвоените мерки, бидејќи Москва во моментов увезува многу стоки од листата на западни санкции преку трети земји.

Русија увезува полупроводници, микрочипови и слични стоки од Казахстан, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Кина и други земји. ЕУ првично нема да ги воведе овие мерки против Кина, туку главно против земјите од Централна Азија и соседите на Русија, според истиот извор.

Брисел би можел да го ограничи извозот на одредени стоки во земјите кои извезуваат „забранета“ технологија во Русија, оценува Блумберг.