ЕУ сака да го зголеми производството на чипови

51

Европската комисија постави амбициозна цел – да го удвои производството на софистицирани чипови до крајот на деценијата, но проблем се трошоците и американско-кинеската технолошка војна.

До 2030 година, 20% од чиповите треба да бидат произведени во ЕУ, согласно планот на EC Digital Compass 2030.

Комисијата постави нова цел во време кога понудата не успева да биде во чекор со побарувачката, создавајќи проблеми за производителите на автомобили и другите сектори, забележува BBC. Дополнителен проблем е што и САД и Кина сакаат да го зголемат домашното производство на чипови.

Моментално, во производството доминираат тајванските TSMC и јужнокорејскиот Samsung.

“Се наоѓаме во парадоксална ситуација: Европа користи многу различни типови на технологија, но ние произведуваме малку. Производството на чипови се потпира на машини произведени во Европа. Значи, можеме да зборуваме за меѓузависност“, објаснува потпретседателката на Европската комисија, Маргарет Вестагер.

Фото: Freepik