ЕУ сака да привлече 10 милијарди евра за коридор до Азија што ја заобиколува Русија

114

Европската унија планира да привлече до 10 милијарди евра инвестиции за да создаде транспортен коридор од Европа до Централна Азија преку регионот на Кавказ и Турција, заобиколувајќи ја Русија, се вели во соопштението на Европската комисија (ЕК) во врска со ЕУ- Инвестицискиот форум за транспорт на Централна Азија којшто се одржува во Брисел. За овој коридор Брисел е подготвен да одвои 2,97 милијарди евра, пренесува Тас.

Војната во Украина нагласи дека е неопходно да се најдат „алтернативни, сигурни и ефикасни трговски патишта меѓу Европа и Азија кои не минуваат низ Русија“, се додава во соопштението на Европската комисија.

За време на форумот, Европската инвестициска банка (ЕИБ) потпиша меморандуми за разбирање со владите на Казахстан, Киргистан и Узбекистан, како и со Банката за развој на Казахстан, во вкупен износ од 1,47 милијарди евра, пренесува Танјуг.