
Земјите од Европската Унија постигнаа договор за сеопфатен 21-ви пакет санкции против Русија, соопштија денес дипломатски извори од ЕУ.
Последната пречка во преговорите беше предложената забрана за снабдување со руски гас до трети земји, објави бриселскиот „Политико“.
Беше решено со ограничен исклучок за договорите склучени пред почетокот на војната во Украина, додека на операторите од ЕУ ќе им биде забрането да склучуваат нови договори, рекоа двајца дипломати.
Членовите на ЕУ, исто така, се согласија да го задржат ограничувањето на цената на руската сурова нафта замрзнато во следните 12 месеци.
Сегашното ограничување е 44,10 долари за барел, а неговото зголемување беше предвидено поради променливите пазарни услови и автоматско полугодишно повторно пресметување.
Грција првично се спротивстави на забраната за европските компании да снабдуваат руски гас со клиенти надвор од ЕУ, оценувајќи дека таквата мерка оди подалеку од претходните договори на лидерите на ЕУ и може да биде неефикасна, бидејќи бродовите би можеле да бидат пререгистрирани во други земји.











