ЕУ се движи кон унифициран став против американските царини, на повидок со првите контрамерки

Земјите од Европската унија ќе се обидат да презентираат единствен став против тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп во наредните денови, можеби одобрувајќи го првиот сет на контрамерки за увоз од САД во вредност од 28 милијарди долари (25,5 милијарди евра), од забен конец до дијаманти, според Ројтерс.

Ваквиот потег ќе значи дека ЕУ ќе им се придружи на Кина и Канада во наметнување контратарифи против САД, што може да доведе до глобална трговска војна, зголемување на цената на стоките за милијарди потрошувачи и туркање на економијата ширум светот во рецесија, посочува агенцијата.

Европскиот блок се соочува со увозни царини од 25 отсто за челик, алуминиум и автомобили, како и „реципрочни“ царини од 20 отсто од среда за речиси сите други стоки.

Фото: Pixabay