
Европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон посочи дека договорот за транзит на руски гас преку Украина истекува за точно една година, па затоа земјите членки на ЕУ, кои сè уште користат руски гас, треба да се подготват за промени на пазарот и намалување на потрошувачката на руски гас.
Таа ова го изјави во Брисел по состанокот на Советот на министри на Европската унија за енергетика, пренесува Укринформ.
„Ги информирав министрите и им дадов јасна слика за начините на снабдување со гас во моментот кога завршува транзитот на руски гас низ Украина“, рече таа.











