ЕУ со нови правила за директни странски инвестиции

26

Земјите членки на Европската унија ќе мора да ја информираат Европската комисија (ЕК) за механизмите за проверка на директните странски инвестиции.

Ова е едно од новите правила што стапија на сила во ЕУ, а според ЕК, тоа би требало да ги зачува стратешките интереси на ЕУ кога станува збор за директните странски инвестиции.

Комисијата сега ќе може да го искаже своето мислење за инвестиции што се планирани во некои од земјите членки.

Комесарот на Европската унија за трговија, Валдис Домбровскис, порачал дека економската отвореност на Унија веќе нема да биде безусловна.

Фото: Freepik