ЕУ со развој на “паметни села“ сака руралните подрачја ги направи атрактивни за живот

52

Планот за развој на “паметни села“ во Европската унија е прилика руралните подрачја во Хрватска да ги направи атрактивни за живот и така да ја запре нивната депопулација, оценува Канцеларијата на Европскиот парламент во Хрватска.

Иницијативата за развој на “паметни села“ во ЕУ започна од Словенија и Унгарија, а во април 2017-та година Европската комисија и Европскиот парламент го објавија Акцискиот план за паметни села.

Развојот на паметни села подразбира автоматизација и роботизација на земјоделието, премин на кружна економија, дигитализација, воведување на широкопојасен интернет и користење на обновливи извори на енергија, а целта е селата да се направат атрактивни за живот и на тој начин да се запре депопулација на руралните подрачја на ЕУ.

На ниво на ЕУ за таа цел би се одвоиле околу 2,4 милијарди евра.

Фото: Freepik