
Членките на Европската Унија извезоа услуги за истражување и развој во вредност од 59,4 милијарди евра во земји надвор од блокот во 2023 година, а ги увезоа на ниво од 102,6 милијарди евра, што резултираше со трговски дефицит од 43,2 милијарди евра, објави Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека извозот на споменатите услуги се зголемил за 9,0 проценти во споредба со периодот од претходната година, додека во исто време увозот се зголемил за 16,6 проценти.
САД увезоа 47,3 проценти од услугите за истражување и развој од Европската Унија со вредност од 28,1 милијарди евра, Швајцарија беше втор најголем извозен партнер со удел од 14,4 проценти (8,6 милијарди евра), по што следуваше Велика Британија со 13 проценти (7,7 милијарди евра).











