ЕУ стопира 45 милиони евра од ИПА фондовите за БиХ

12

evraКомитетот на ЕУ за претпристапни фондови одлучи на БиХ да и укине 45 милиони евра помош од ИПА. Сепак, од предвидените 47 милиони, БиХ ќе добие два милиони евра за проекти за развој на мали и средни претпријатија, пишува Независне новине.

Причина за ваквата одлука е неможноста на домашните политичари да се договорат за спроведување на пресудата Сејдиќ – Финци на Европскиот суд за човекови права во Стразбург.

БиХ е прва држава на која и се ускратени средства од Инструментот за претпристапна помош.

Освен ускратените 45 милиони евра, под знак прашалник се и ИПА средствата за 2014 година, затоа што земјата доцни во изработка на државна стратегија, но и во воведување на ефикасен механизам за координација со Европската унија, што е оценето како еден од главните проблеми. БиХ следната година би можела да остане без проекти вредни преку 200 милиони евра.