ЕУ: Увозот на нафта од Русија падна за 90 отсто во март

Во март ЕУ увезла 1,4 милиони тони сурова нафта и нафтени деривати од Русија, што е за 90 отсто помалку во споредба со месечниот просек од 2019 до 2022 година од 15,2 милиони тони, објави денеска Евростат.

Увозот на сурова нафта од Русија падна од 12,4 милиони тони во јануари 2022 година на 3,7 милиони тони, што беше забележано во декември истата година, кога стапија на сила западните санкции против Москва.

Во 2022 година е забележан пад на увозот на сурова нафта од 70 отсто, а во март годинава тој дополнително е намален на 1,17 милиони тони.