
Европската унија подготвува нов пакет санкции против Русија за втората годишнина од почетокот на војната во Украина на 24 февруари. Ќе бидат санкционирани повеќе од 200 физички лица и фирми.
Според германската агенција ДПА, на списокот на санкции ќе има поединци и институции чии средства во ЕУ треба да бидат замрзнати. Освен тоа, на ограничување ќе подлежат и компаниите кои придонесуваат за воено и технолошко зајакнување на Русија или развој на одбранбениот и безбедносниот сектор на земјата, пренесува Комерсант.
До 24 февруари ЕУ има намера да го реши прашањето за повлекување на замрзнатите средства на Банката на Русија, кои се во вредност од околу 300 милијарди долари, а во иднина планираат да ги префрлат на Украина.
Блумберг на 19 јануари објави за подготовката на 13-тиот пакет европски санкции против Русија. Според извори, новите санкции против Русија ќе се состојат од зајакнување на трговските ограничувања, проширување на црните списоци и зајакнување на контролата врз руското заобиколување на санкциите преку трети земји.
Европската комисија нема да ги вклучи контроверзните санкции во 13-тиот пакет санкции за да се осигура дека ќе биде усвоен до 24 февруари. Европската унија веројатно нема да ги конфискува средствата на руската централна банка замрзнати во Европа, и покрај плановите на Г7 да разговараат за законитоста на таквиот потег на состанокот во февруари, изјавија претходно неименувани високи претставници на ЕУ.











