ЕУ забрани увоз на природен гас од Иран

44

На вчерашниот состанок министрите за надворешни работи на Европската унија донесоа одлука за забрана на увоз на природен гас од Иран. Како што наведува германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле, ЕУ воведува целосна забрана за увоз на природен гас од Иран на целата територија на Европската унија со истовремени рестрикции на големи финансиски трансакции.

Најновите санкции доаѓаат во време кога од Иран доаѓаат јасни пораки дека се подготвени за нова рунда на преговори. Според министерот за надворешни работи на Англија Вилијам Хаг, санкции се „знак на одлучност на Европската Унија за поголем притисок врз Иран“.

САД и неговите сојузници тврдат дека со санкции ќе го натераат Иран да ја промени својата тврда позиција во врска со нуклеарната програма. Од друга страна пак, Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за мировни цели.