Властите на Европската унија забранија увоз на скуша и харинга од Фарските острови и објавија дека ќе забранат пристигнување на фарски бордови во европските пристаништа. Со тоа се засили напнатоста на меѓу двете страни во спорот поради преголемиот излов на овие риби.
Европската комисија објави дека морала да ги воведе овие мерки за фарските рибари за да го заштити рибниот фонд. Истакнуваат дека фарските рибари сами си одредиле трипати поголема квота од договорената, со која би требало да се заштити атлантско – скандинавскиот рибен фонд.
Фарските острови се автономно подрачје под данска круна и не се дел од ЕУ.