ЕУ забранува плаќање во кеш над 10.000 евра

20

Во Европската унија во иднина ќе бидат забранети готовинските плаќања од над 10.000 евра – ова е мерка договорена од Европскиот парламент и земјите-членки со цел да се спротивстави на перењето пари, пишува онлајн изданието на германски „Шпигел“.

Трговците на мало на луксузни стоки, исто така, ќе треба да го потврдат идентитетот на клиентите и да пријават сомнителни трансакции до властите.

На овој начин ќе се отежне перењето пари, а оваа мерка ќе ги „пополни“ и дупките во националните закони.

Построгите правила треба да важат и за трговијата со накит, луксузни автомобили, приватни авиони и бродови.

Исто така, властите треба поблиску да го надгледуваат тргувањето со криптовалути и банкарските работи на супербогатите кои имаат имот во вредност од најмалку 50 милиони евра.

Сопствениците на компании со најмалку една четвртина од сопственичкиот удел ќе мора да бидат регистрирани во ЕУ, пренесува Независне.

Намерата е, како што се наведува, меѓу другото, да им оневозможи на руските олигарси да ги заобиколат санкциите на ЕУ.

Новиот закон мора да биде формално одобрен од Европскиот парламент и земјите-членки.

Нејзиното спроведување треба да го следат властите на земјите-членки во координација со новата европска агенција за спречување на перење пари.