
Земјите од ЕУ ги замрзнаа средствата на Централната банка на Руската Федерација (ЦБРФ) во износ од над 200 милијарди евра, соопштено е вчера во Брисел.
Претставникот на Европската комисија (ЕК), Кристијан Виганд, на прес-конференција зборуваше за обврските на земјите-членки на ЕУ да поднесат извештај за замрзнатите средства на ЦБРФ, пренесува РИА Новости.
„Крајниот рок за такво известување беше 12 мај, а земјите од ЕУ пријавија повеќе од 200 милијарди евра замрзнати средства на ЦБРФ“, рече тој.
На прашањето колку пари се замрзнати во секоја европска земја, Виганд предложи медиумите да се обратат на одредени земји од ЕУ.