ЕУ: Зголемување на украинскиот извоз на жито

78

Украинскиот извоз на жито расте и сега достигна речиси два милиони тони месечно, изјави денеска еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

„Според информациите од Украина, извозот на житни култури постепено расте и моментално се приближува до износот од два милиони тони месечно“, рече Војчечовски на заедничката прес-конференција со полскиот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик, пренесува Ројтерс.

Украина е главен извозник на житарки во Африка и Блискиот Исток, а прекинот на овие испораки поради конфликтот во таа земја предизвикува пораст на цените и меѓународна криза со храна.